Пари Сент Жермен денес и официјално го претстави првото зимско засилување, Леандро Паредес.
Паредес доаѓа од Зенит во трансфер тежок 47 милиони евра, а откако ги помина лекарските прегледи денес стави потпис на договор до 2023 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многу сум горд што ќе бидам дел од ПСЖ. После моите претходни искуства во Италија и Русија, сега имам фантастична можност, не само да откријам нова лига, туку над се да го носам еден од најпрестижните дресови во светот“, изјави Паредес.
24-годишниот аргнетински репрезентативец беше на мета и на Челзи, но ПСЖ ја доби битката за неговиот потпис.
?⚠✍ Breaking News!
¡Hola @LParedss! We have a message for you from Ángel Di Maria…! ?
?? #ICICESTPARIS pic.twitter.com/hxW5Ob5T27
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) January 29, 2019