Дома Фудбал Останато Официјално: Прекинато белгиското првенство – Бриж е шампион!

Официјално: Прекинато белгиското првенство – Бриж е шампион!

Сезоната во белгиската Про Лига и дефинитивно нема да се доигра, а Клуб Бриж е прогласен за белгиски шампион.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По неколку недели размислување и дебата, Генералното собрание на белгиското првенство донесе одлука сезоната да се прекине.

Клуб Бриж ја освои шампионаската титула, а останатите места се доделени според моменталната табела пред да биде прекинато првенството.

Екипата на Беверен испадна од лигата, а следната сезона ќе се игра плејоф меѓу првите четирипласирани тимови од регуларниот дел на сезоната.

Пред белгиската лига иста одлука за прекин на сезоната донесоа првенствата во Холандија и Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо му го расипува планот на Манчестер Јунајтед во трката за фудбалер од 70 милиони фунти

Реал Мадрид може да влезе во трката за целта на Манчестер Јунајтед, Мортен Хјулманд, споре…