Дома Топ вести Официјално: Потврдено второто најскапо засилување во историјата на Манчестер Сити!

Официјално: Потврдено второто најскапо засилување во историјата на Манчестер Сити!

Атлетико Мадрид потврди дека се разделува со одличниот играч за врска.

Атлетико ова лето ќе прави смена на една генерација. После Лукас Ернандез, Диего Годин, Хуанфран, Фелипе Луис, Желсон Мартинс и наскоро Антоан Гризман денес Атлетико го напушти и Родри.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот играч за врска околу 13 часот дојде лично во просториите на Ла Лига и ја плати клазулата за да се пресели во Манчестер Сити. Родри на Ла Лига и ги исплати сите 70 милиони евра и сега повеќе нема никакви прпреки да ги помине прегледите и да потпише со Сити.

Родри ќе биде второ најскапо засилување во историјата на Сити. На врвот ќе остане Кевин Де Брујн со 76 милиони евра, но затоа ќе го прескокне Ријад Марез кој минатото лето беше платен 67.8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …