Премиерлигашот Тотенхем денес потврди дека тренерот Маурисио Покетино ставил потпис на нов договор и се обврзал на верност до 2023 година.
Покетино во изминатите две години постигнува одлични резултати со „спарси“ и се етаблираше во еден од најдобрите менаџери во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За него сериозен интерес покажаа неколку европски гиганти, меѓу кои ПСЖ и Челзи, но Аргентинецот сепак му остана верен на Тотенхем.
Покетино денес потпиша нов договор и се обврза на верност кон Тотенхем до 2023 година, заедно со својот стручен штаб.
Економските детали од договорот не се познати, но медиумите на Островот тврдат дека добил значително зголемување на платата.
? We are delighted to announce that Mauricio Pochettino has signed a new five-year contract with the Club, which runs until 2023.
First Team Coaching staff Jesús Pérez, Miguel D’Agostino & Toni Jimenez have also agreed new contracts. ?
More ▶️ https://t.co/F4xw7B65E7 pic.twitter.com/fbmpHWoqPC
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) May 24, 2018