Maурито вчера славеше, но утрово го дочека тажна вест, иако можеби и се очекуваше вакво нешто.
Капитенот на Интер успеа да го однесе својот тим во Лигата на шампионите, „нероаѕурите“ во одлувачкиот натпревар славеа со 3:2 во Рим и така зад себе го оставија Лацио.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Икардо во својата кариера нема настапувано во Лигата на шампионите и секако беше пресреќен, иако не е сигурно дека ќе остане во Интер.
„Мораме да седнеме и да разговараме, мојата желба и понатаму е да бидам тука“, изјави Икарди кој има откупна клазула од 110 милиони евра.
По големото славје, утрово следуваше и удар за Икарди, но како што кажавме ваквото сценарио можеше и да се очекува. Сампаоли го соопшти конечниот список на 23 играчи кои патуваа на Мундијалот, а помеѓу нив нема место за Икарди.
Конечниот список на Аргентина:
Голмани: Серхио Ромери, Франко Армани, Вилфердо Кабаљеро
Одбрана: Габриел Меркадо, Федерико Фазио, Николас Отаменди, Кристијан Анслади, Николас Таљафико, Маркус Рохо.
Среден ред: Евер Банега, Хавиер Маскерано, Едуардо Салвио, Лукас Биља, Анхел Ди Марија, Џо Ло Селсо, Мануел Ланзини, Макси Меза, Маркос Акуна.
Напад: Лионел Меси, Серхио Агуеро, Гонзало Игуаин, Кристијан Павон, Паоло Дибала.
Los 23 futbolistas que Sampaoli llevará al #MundialRusia2018 ➡️ https://t.co/JRsXyw8vSG pic.twitter.com/glHcQ9Qg1W
— Diario Olé (@DiarioOle) May 21, 2018