УФЦ шампионот во лесна категорија Кабиб Нурмагомедов повторно ќе ја брани титулата во април 2020 година.
Кабиб титулата ќе ја брани на 18-ти април наредната година во Бруклин, а како и што се очекуваше противник ќе му биде Тони Фергусон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа вест на Твитер ја потврди менаџерот на Кабиб, Али Абделазиз кој истакна дека Кабиб ставил потпис на оваа борба.
Така Кабиб и Тони конечно би требало да се најдат во октагон. Нивните борби поради повреди претходно четири пати беа откажувани.
Многумина веруваат дека токму Фергусон би можел да го сруши непобедливиот Дагестанец (28:0). Фергусон во овој момент е во серија од 12 победи со скор од 25:3.
Here we go. The champ signed his bout agreement against tony Ferguson. This man has been asking for this ass whooping and now he has earned it April 18th the eagle will land in Brooklyn one more time. This one is for the fans. pic.twitter.com/ifG2f9Yt9l
— Ali Abdelaziz (@AliAbdelaziz00) November 26, 2019