Дома Македонски спорт Мак баскет Официјално: Петровиќ повеќе не е тренер на МЗТ!

Официјално: Петровиќ повеќе не е тренер на МЗТ!

По серијата порази во АБА, меѓу кои беа двата на домашен терен против директните конкуренти за опстанок, Борац Чачак и Сплит, управата МЗТ и тренерот Александар Петровиќ се договорија предвреме да ја прекинат меѓусебната соработка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Искусниот стратег својот трет мандат на сино-белата клупа го почна во март годинава, откако претходно беше предводник на нашиот тим во периодот помеѓу 2001 и 2007 година односно помеѓу 2009 и 2011 година.

Петровиќ минатата сезона ја одбрани домашната титула, а во АБА2 обезбеди промоција и покрај поразот во финалето на завршниот турнир против Златибор. Сезонава во Првата лига оствари учинок 9-1, но во јадранската конкуренција тимот оствари само две победи во вкупно 12 средби поради што е последнопласиран на табелата.

Засега не е познато кој ќе биде наследникот на Петровиќ, но се потенцира дека потрагата е веќе започната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…