Eрлинг Халанд го доби својот наследник кога во прашање е престижната награда „Голден Бој“ за најталентиран фудбалер во светот.
Лауреат за 2021 година ќе биде играчот за врска на Барселона Педри кој за три дена ќе наполни 19 години. Одличниот фудбалер пристигна во Барса од Лас Палмас летото 2020 година за пет милиони со само 17 години и набрзо го покажа својот раскошен талент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Го препозна тоа и селекторот на Шпанија, Луис Енрике кај кого дебитираше во сениорската селекција на Шпанците. Набрзо стана незамнелив дел од репрезентацијата и Барселона.
Во период од само нешто повеќе од една година Педри одигра повеќе од 70 натпревари за клубот и репрезентацвија. Во минатото оваа награда ја добиваа Меси, Руни, Мбапе, Погба…и уште многу фудбалери кои подоцна ја потврдија својата каса.