Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Павле Атанасијевиќ потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

Официјално: Павле Атанасијевиќ потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

Попладнево Еурофарм Пелистер потврди дека е Павле Атанасијевиќ потпишал нов договор.

„РК Еурофарм Пелистер со особено задоволство ја информира јавноста дека го продолжи договорот со еден од најталентираните ракометари во клубот и во Македонија, Павле Атанасијевиќ. 19-годишниот бек ја игра третата сезона во семејтвото Еурофарм Пелистер, прва во тимот кој го предводи Ларс Валтер. Новиот договор е со важност до јуни 2026 година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веруваме дека Атанасијевиќ ќе го продолжи развојот и уште долго ќе остане во нашиот клуб. Со овој потпис продолжува трендот за доведување и задржување на најталентираните млади македонски ракометари во нашето ракометно семејство“, соопштија од клубот.

„Дојдов пред три години и тоа беше ново искуство за мене. Со тек на време секоја година по година прогресив сè повеќе и повеќе. Прво започнав со тренерот Александар Јовиќ, кој ме упати, а потоа новиот тренер Ларс Валтер ми укажува на грешките и прави да бидам подобар играч. Ми дава мотив да напредувам и да играм подобро.

Атмосферата тука е многу убава, посебно кога се игра пред полна сала. За мене ова е големо искуство, посебно кога играме на европската сцена. Тоа е мотив плус за мојата работа“, изјави Атанасијевиќ по потписот на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РФМ вети идентични премии за машката и женската репрезентација

На дешената седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија се донесе о…