Дома Фудбал Англија Официјално: Отаменди верен на „граѓаните“!

Официјално: Отаменди верен на „граѓаните“!

Николас Отаменди е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити сезонава, па раководството на „граѓаните“ го награди со нов договор.

Отаменди до сега за Манчестер Сити има одиграно 118 натпревари, а денес се обврза на верност кон „граѓаните“ до 2022 година.

Иако клубот не ги откри финансиските детали, медиумите на Островот пренесуваат дека Аргентинецот добил значително зголемување на платата.

29-годишниот Отаменди на „Етихад“ пристигна во 2015 година од Валенсија, а оваа сезона е стандарден во првиот тим и пропушти само еден натпревар во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сент Луис Сити го уништи ЛА Галакси со 6-2, Холсе со хет-трик

Карло Холсе постигна хет-трик за Сент Луис Сити во победата од 6-2 против ЛА Галакси, изед…