Дома Трансфер зона Официјално: Оби Микел стана „Кинез“!

Официјално: Оби Микел стана „Кинез“!

Играчот за врска на Челзи, Џон Оби Микел кариерата ќе ја продолжи во Кина, откако потпиша за тамошниот клуб Тијанжин Теда.

Микел усшешно ги помина медицинсите тестови и стави потпис на договор кој годишно ќе му носи 8,5 милиони евра по сезона, а во Тианжин доаѓа како слободен играч.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нигериецот освои 11 трофеи со Челзи, откако два пати стана шампион во Премиер лигата и еднаш триумфираше во Лигата на Шампионите. Тој забележа 374 натпревари во дресот на „сините“, но оваа сезона не успеа да се наметне кај Антонио Конте.

„Како што знаете не добив баш најдобра шанса сезонава во Челзи, а со своите 29 години се уште имам уште многу години фудбал пред мене. Па, почувствував дека сега е време за нов предизвик. Тианжин Теда инсистираа на ангажман, кинеската лига доживува се поголема раст па знам дека ова е исправен потег. Благодарам на Челзи и господинот Абрамович за одличните години, секогаш ќе биде клуб кој најмногу ќе го сакам“, изјави Микел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …