Првиот голман на нашата фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски е нов член на шпанскиoт Рајо Ваљекано.
Клубот од Мадрид го ангажираше нашиот голман на едногодишна позајмица од Гимнастик, а во договорот има опција за откупување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Димитриевски голем интерес покажа и Еспањол, но Рајо Ваљекано беше посупешен во преговорите и неколку минути по полноќ го потврди траснферот на македонскиот репрезентативец.
Столе во својата кариера има настапувано за Работнички, Гранада и Кадиз, а прилика за деби во Рајо ќе има по репрезентативната пауза.
OFICIAL | @Dimitrievski1 es oficialmente nuevo jugador del Rayo Vallecano 2018-19. Llega cedido desde el @NASTICTARRAGONA con opción de compra.
¡Bienvenido! pic.twitter.com/PvBtMklVsi— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) August 31, 2018