Дома Фудбал Англија Официјално Мората го облече плавиот дрес

Официјално Мората го облече плавиот дрес

Шпанскиот фудбалер, Алваро Мората и официјално е нов фудбалер на Челси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако Челси ја објави информацијата за договорот со Реал пред два дена, Мората дури денес ги мина лекарските прегледи и потпиша петгодишен договор.

Челси на Реал му плати 58 милиони фунти, а оваа цифра може да оди и до 70 милиони зависно од играта на Мората во плавиот дрес.

Шпанскиот репрезентативец ќе им се придружи на подготовките на Челси во Азија, а по потписот истакна дека е многу задоволен.

„Среќен сум што сум овде. Се чувствувам фантастично што сум дел од овој тим. Ќе работам напорно, ќе постигнам погодоци колку што ќе можам и ќе се потрудам да освојам што е можно повеќе трофеи“, истакна Мората по потпишувањето на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид се насочува кон Алексис Мак Алистер

Бидејќи се очекува Реал Мадрид да ангажира уште еден играч на средината на теренот за да г…