Винченцо Монтела и официјално, по втор пат го презеде кормилото на Фиорентина и стави потпис на договор до 2021 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Синоќа Стефано Пиоли си поднесе оставка од тренерската позици, но Фиорентина експресно ја најде неговата замена.
Винченцо Монтела утринава пристигна во Фиренца и стави потпис на договор со јуни 2021 година со „виолетовите“.
После неуспешната авантура во Севиља, Монтела се враќа во Италија и тоа на местото каде ја доживеа својата тренерска афирмација.
Монтела претходно беше тренер на Фиорентина од 2012 до 2015 година, а со новиот договор годишно ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона.