Дома Топ вести Официјално: Милан има нов спортски директор!

Официјално: Милан има нов спортски директор!

milan

Новата управа започна со поставување на свои луѓе.

Како и што официјално беше објавено на сајтот на клубот од Милано, Бразилецот, Леонардо се врати на „Сан Сиро“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леонардо Араужо на два пати беше дел од Милан како играч, прво во перидот од 1997 до 2001 година, за после кратките епизоди во Сао Паоло и Фламенго да се врати на „Сан Сиро“ во 2002 година каде што ја заврши кариерата.

Потоа во 2009 година на клупата на Милан го наследи Карло Анчелоти.

Пред да стане тренер на „росонерите“ тој му помогна на клубот и имаше големо влијание во трансферите на Рикардо Кака и Алесандро Пато.

Една година ги тренираше „росонерите“, а потоа седна на клупата на градскиот ривал Интер со кој стигна до титулата во Купот на Италија. Како и во Мила и во Интер се ззадржа една година после што стана спортски директор во ПСЖ.

Во Париз беше заслужен за доаѓањето на Жереми Менез, Мохамед Сисоко, Салваторе Сиригу, Хавиер Пасторе и Тиаго Мота, како и за поставувањето на Карло Анчелоти за тренер на ПСЖ.

Го напушти овој клуб во 2013 година. Кратко беше тренер на Анталиспор во Турција минатата година, а сега се врати во Милан по четврти пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…