Дома Трансфер зона Официјално: Милан го обезбеди првиот потпис, Бразилец пристигнува на „Сан Сиро“

Официјално: Милан го обезбеди првиот потпис, Бразилец пристигнува на „Сан Сиро“

Oна што се шпекулираше сега е и официјално потврдено, Милан го обезбеди првиот потпис.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за младиот напаѓач Натан Бернандеш Сораеш кој стана нов член на „росонерите“ и кој е вложување за иднината.

Бернандеш потпиша договор на две години и ќе се приклучи на младинскиот тим на Милан каде што стигнакако слободен играч.

Имено, овој напаѓач одби да потпише договор со Крузеиро каде што израсна, седум месеци беше без договор и сега пристигнува во италијанскиот гигант.

„Globo Esporte“ наведува дека се работи за талентиран напаѓач роден 2000 година, неговите агенти се согласија на условите на Италијанците, а агенцијата која го застапува ќе добие процент од евентуалната следна продажба доколку се развива како што се очекува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…