Еден од најпрепознатливите тренери поврзани со МЗТ Скопје Аеродром во првата деценија од 21. век, Александар Петровиќ, се враќа во клубот, откако од денеска и официјално е нов предводник на плаво-белата чета.
Тој доаѓа на местото на Дарко Радуловиќ, со кого беше прекината соработката по неуспехот во финалето од Купот на Македонија пред една недела.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Петровиќ ова ќе биде трето преземање на МЗТ, со оглед што претходно седеше на клупата на актуелниот шампион во периодот помеѓу 2001 и 2007 односно 2009 и 2011 година. Има работено уште и во Пелистер, Карпош Соколи и Куманово, а во „Јане Сандански“ се враќа од местото шеф на стручниот штаб на Академија ФМП, каде што работеше изминативе две сезони.
Петровиќ е и поранешен селектор на јуниорската репрезентација на Македонија и секако еден од тие кои беа со МЗТ Скопје во најтешкиот период на клубот, а без кои немаше да следува ниту деценијата со осум освоени титули (една сезона немаше шампион).
Фото: МЗТ Скопје