Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Металург го продаде Јагањац

Официјално: Металург го продаде Јагањац

Она што се најавуваше изминативе денови, денес доби официјална потврда. Хрватскиот репрезентативец Халил Јагањац го напушти тимот на Металург.

Левиот бек ја прифатил понудата на Нексе за двегодишен договор, а македонскиот вицешампион ќе добие оштета, која неофицијално изнесува околу 100 илјади евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јагањац во сабота против Татран Прешов веројатно ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Металург во дуел од СЕХА лигата, иако од тимот посакале да остане барем до завршувањето на натпреварите во Лигата на шампионите.

Јагањац пристигна во Металург во 2017 година од вториот тим на ПСЖ, а под водство на Лино Червар стана еден од најдобрите млади ракометари во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…