Oна што во претходните денови се најавуваше, сега и официјално беше потврдено на сајтот на италијанскиот шампион.
Матија Перин е нов голман на Јувентус!
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој 25 годишен чувар на мрежата во Торино пристигнува од Џенова, а „Бјанконерите“ за неговите услуги ќе платат сума од 12 милиони евра, тој износ може да го исплат во наредните три години.
Перин е репрезентативец на Италија и важи за еден од најдобрите голмани на Апенините веќе неколку години, голем број клубови се обидуваа да го доведат во своите редови, но тој сакаше само во Јувентус.
Понудата конечно пристигна, а во Торино ќе го наследи Џанулиџи Буфон кој после 17 години напушти Јуве. Перин за прв голман на „старата дама“ ќе се бори со Војчех Шчесни кој е член на Јувентус од летото 2017 година.
UFFICIALE: @MattiaPerin è bianconero! ?️? ?#WelcomeToJU
➡️ https://t.co/m2JcxeqbZl pic.twitter.com/ob9Q4rABJ8
— JuventusFC (@juventusfc) June 8, 2018