Дома Фудбал Официјално: Мата останува во Манчестер Јунајтед

Официјално: Мата останува во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед официјално потврди дека го продолжил договорот со Хуан Мата.

Шпанецот пристигна на Олд Трафорд во 2014 година од Челзи и до денес одигра 273 меча за „црвените ѓаволи“ на кои постигна 51 гол.

Минатата сезона Мата одигра само 18 меча, но и покрај тоа клубот сакаше да го задржи уште една година на Олд Трафорд.

Солскјер смета дека Мата е од големо значење за младиот тим кој го има, па Манчестер Јунајтед му понуди договор на уште една година, а Шпанецот ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната во 94. минута го круниса големиот меч на Димитриевски во Елче

Столе Димитриевски ја зачува мрежата во гостинскиот триумф на Валенсија со 1-0. Македонски…