Дома Фудбал Останато Официјално: Маркињос останува во ПСЖ до 2028 година

Официјално: Маркињос останува во ПСЖ до 2028 година

Еден од најважните фудбалери на ПСЖ, Маркињос денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност до 2028 година.

29-годишниот Бразилец пристигна во ПСЖ во 2013 година од Рома и се етаблираше во вистинска легенда на клубот.

„Пресреќен сум што потпишав нов договор, но и многу горд. Ова е посебен момент за мене. Уверен сум дека ќе продолжиме да постигнуваме големи работи заедно во годините што доаѓаат“, изјави Маркињос.

Бразилецот за девет сезони во ПСЖ освои 26 трофеи, од кои седум во францускиот шампионат, но се уште не успеа да се закти со трофејот во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трансфер-магија на Челси: Потроши дури 421 милион, а заврши во плус!

Челси конечно го реализираше трансферот на Енцо Фернандез во Манчестер Сити, а токму овој …