За следната сезона Еурофарм Пелистер останува без двајца ракометари – Матео Мараж и Немања Обрадовиќ.
Двајцата ракометари се селат во Унгарија во редовите на Татабања. За сајтот на унгарскиот клуб Обрадовиќ и Мараш веќе ги дадоа и првите изјави.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Среќен сум што потпишав за Татабања. Имам многу амбициозни планови и мислам дека доаѓам на совршено место за мојот развој“, изјави Мараш.
Обрадовиќ пред да потпише за Татабња се консултирал со голманот Секељ.
„Секељ ми кажа само добри работи за градот и клубот. Татабања не е далеку од Србија, па кога се ќе се собере одлуката не ми беше тешка. Верувам дека направив добар избор“; изјави Обрадовиќ.