Дома Фудбал Италија Официјално: Леонардо си замина од Милан!

Официјално: Леонардо си замина од Милан!

Италијанскиот гигант Милан денес го потврди тоа што се најавуваше – Леонардо заминува од местото спортски директор.

Бразилецот пристигна минтото лето кога клубот ги промени сопствениците и дојде во рацете на компанијата „Елиот“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Леонардо е одговорен за трансферите на „Сан Сиро“, но медиумите тврдат дека дошло до несогласувања помеѓу него и генералниот директор Иван Газидис.

Имено, Леонардо сака целосна моќ на одлучување околу трансферите, а сега последниот збор сепак го има Газидис, кој раководи со финансиите. Притоа, новата клупска политка е да не се купуваат искусни и афирмирани играчи, туку ѕвезди во подем до 23 години, со што Леонардо не се согласувал.

Поради тоа Бразилецот си поднесе оставка, а Милан денес и официјално потврди дека Леонардо не ја извршува повеќе функцијата спортски директор.

„Му се заблагодаруваме на Леонардо што прифати во круцијален момент да дојде на функцијата. Со пасија и љубов ја извршуваше работата во нашиот клуб, и му посакуваме се најдобро во иднина“, стои во соопштението.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека главен кандидат да седне на неговото столче е актуелниот спортски директор на Лил, Луис Кампос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…