Дома Трансфер зона Официјално: Левандовски во Баерн до 2021 година!

Официјално: Левандовски во Баерн до 2021 година!

Баерн уште еднаш ја демонстрираше својата моќ и потпиша нов, милионски договор со својот најдобар напаѓач Роберт Левандовски, кој се обврза на верност кон Баварците до 2021 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Левандовски е награден за блескавите партии во дресот на Баерн, откако во 2014 година пристигна како слободен агент од Борисија Дортмунд. Во меѓувреме одигра 122 натпревари за Баерн на кои постигна 86 гола.

Полјакот беше на мета на многу богати клубови ширум Европа, пред се Реал Мадрид и ПСЖ, но Баерн уште еднаш ја покажа својата големина и го задржи со нов договор и 50% повисока плата.

Имено, Левандовски до сега заработува 10 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе инкасира 15 милиони годишни до 2021 година.

Полјакот е само еден од низата на фудбалери кои потпишаа нови договори со Баерн, изминатите месеци тоа го направија Жером Боатенг, Томас Милер, Давид Алаба, Мануел Ноер и Роберто Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…