Милан денес го потврди трансферот на Марко Лазетиќ, кој доаѓа од Црвена Звезда.
18-годишниот напаѓач потпиша договор со „росонерите“ до 2026 година, а Милан за неговиот потпис на српскиот клуб му плати 5 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лазетиќ важи за голем талент и ќе игра за првиот тим, а за место во тимот ќе се бори со ветераните Оливие Жиру и Ибрахимовиќ.
Српскиот напаѓач го избра дресот со број 22, кој во минатото го носеше неговиот идол Рикардо Кака.
Official Statement: Marko Lazetić ➡ https://t.co/3w3WokAaRL
— AC Milan (@acmilan) January 27, 2022
Comunicato Ufficiale: Marko Lazetić ➡ https://t.co/9Y5kh5DufZ#SempreMilan pic.twitter.com/XYwqyvIO1z