Како што се најавуваше веќе подолго време, Антонио Конте од денес и официјално е нов тренер на Наполи.
Во минатото Конте работеше во Јувентус и Интер, а сега го презема и Наполи. Актуелната сезона во која Наполи влезе како бранител на Скудетото ја одигра лошо и заврши на десеттата позиција неуспевајќи да избори ниту излез во европските натпреварувања.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сезоната во Неапол ја започна Руди Гарсија, потоа дојде Мацари, а во текот на пролетта на клупата седеше Франческо Калцоне.
Трофејниот италијански тренер со Наполи потпиша договор на три години. Последниот ангажман Конте го имаше во Тотенхем и од март минатата година беше без клуб. Во кариерата ги водеше уште: Челзи, Сиена, Аталанта, Бари и Арез. Еден период беше и селектор на Италија.