Дома Фудбал Официјално: Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид

Официјално: Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид

Тоа што го најавуваа медиумите сега доби официјална потврда, Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид.

Реал Мадрид денес преку официјално соопштение потврди дека двете страни спогодбено ја прекинале соработката.

„Реал Мадрид потврдува дека Зидан не е повеќе тренер на првиот тим. Ја респектираме неговата одлука и му благодариме за неговата професионалност, посветеност и се што направи за Реал Мадрид. Тој ќе остане во нашите срца и Реал секогаш ќе биде негов дом“, стои во соопштението.

Зидан во два мандати беше тренер на „кралевите“ и стана најтрофеен тренер во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…