Дома Фудбал Официјално: Заврши сезоната во Шкотска, Селтик е шампион

Официјално: Заврши сезоната во Шкотска, Селтик е шампион

Шкотската фудбалска федерација денес одлучи да ја заврши сезоната 2019/20, откако сите 12 клубови беа едногласни дека сезоната не треба да продолжи.

Титулата ќе замине во витрините на Селтик, кој пред прекинот на првенството беа лидери со 13 бодови предност во однос на Глазгов Ренџерс. Хартс е тимот кој испаѓа од лигата бидејќи беше последен на табелата при прекинот на првенството.

По означениот крај, шкотската Премиер-лига веднаш ќе го распредели бонусот од седум милиони фунти на клубовите, во зависност од нивниот пласман на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…