Како и што беше најавено Интер го потврди раскинувањето на договорот со Кристијан Ериксен.
Ериксен немаше можност после ситуацијата на Европското првенство да продолжи да игра фудбал во Серија А, па двете страни беа приморани да ја прекинат соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Клубот му посакува се најдобро во иднина на Ериксен и неговото семејство. Убавите моменти како прегратките од навивачите и славењето на Скудетото ќе останат секогаш запаметени“, соопштија од Интер.
Сегашните најави се дека Ериксен нема да ја заврши кариерата туку ќе продолжи да игра фудбал во првенствата каде што тоа е можно. Најсериозен кандидат за неговиот потпис е неговиот поранешен клуб Ајакс.
🖤💙 | CHRIS
— Inter 🏆🇮🇹 (@Inter) December 17, 2021
PER SEMPRE NERAZZURRO. IN BOCCA AL LUPO, @ChrisEriksen8 !
I gol e le vittorie, l'abbraccio dei tifosi fuori da San Siro nel celebrare lo Scudetto: tutto resterà sempre fissato nel segno del nerazzurro. pic.twitter.com/sgJQPJtsfo