Аргентинецот од ПСЖ, Анхел Ди Марија се поврзуваше со заминување од Париз, но денес веројатно беше ставено крај на сите гласини.
Францускиот клуб денес објави дека Ди Марија потпишал нов договор со клубот кој ќе има важност до 2021 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ди Марија во ПСЖ пристигна во 2015 од редовите на Манчестер Јунајтед.
„Tука сум три години и пронајдов начин да напредувам. Се чуствувам навистина привилигирано и мотивиран сум што сум дел од еден ваков голем проект. Среќен сум тука и спремен сум за испишување убави приказни заедно со соиграчите“, изјави Ди Марија.
Аргентинецот во ПСЖ освои 10 трофеи, одигра 150 натпревари, постигна 57 голови и запиша 58 асистенции.
?? #DiMaria2021
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) October 31, 2018
https://www.youtube.com/watch?v=24g4V1ZM4mE