Дома Фудбал Репрезентации Официјално: Дешам го продолжи договорот со Франција

Официјално: Дешам го продолжи договорот со Франција

Легендарниот капитен, а сега селектор доби полна целосна доверба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако можеби од репрезентацијата на Франција се очекуваше повеќе за време на неговиот мандат, Дидие Дешам има целосна доверба од луѓето во сојузот на француската репрезентација.

За пласманот на Мундијалот во Русија, Дешам денес доби награда, тој потпиша продолжување на соработката на 2020 година.

Дешам кормилото на репрезентацијата на Франција го превзема во 2010 година и тоа од неговиот поранешен соиграч Лоран Блан. Ги предводеше „галските петли“ до четвртфиналето на Мундијалот во Бразил каде што беше елиминиран од шампионот на Германија и до финалето на Европското првенство каде што беа поразени од Португалија.

Со оглед на квалитетот со кој располага француската селекција многумина од Дешам очекуваа подобри резултати, барем титула на ЕП минатата година каде што беа фаворити против Португалија, но сепак тие беа поразени.

Како играч Дешам беше капитен на генерацијата која кон крајот на минатиот и почетокот на овој век ги обедини светската и европската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…