Како и што се најавуваше во претходниот период, Дарко Мицевски од денес и официјално е повторно во Вардар.
Мицевски се враќа во Вардар од тимот на Рига во Летонија. Тој е и првото зимско засилување за црвено-црните.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ми претставува голема чест и задоволство враќањето во Вардар, едноставно повикот од најтрофејниот македонски фудбалски клуб не се одбива. Им благодарам на сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски за повикот и довербата, лесно се договоривме и заеднички ги усогласивме целите на клубот. Верувам во овој проект, искрено се надевам дека ќе биде еднакво успешен како и при мојот претходен престој тука. На сите навивачи и приврзаници на Вардар им ја честитам новата година и божиќните празници, се гледаме на терен, да го вратиме Вардар таму каде што му е местото“, изјави Мицевски.
Mицевски со Вардар е освојувач на шампионската титула во сезоната 2019/20 откако 2 и пол години настапуваше за клубот.