Дома Останати Кошарка Официјално: Гасол се врати во Барселона

Официјално: Гасол се врати во Барселона

Легендарниот кошаркар Пау Гасол после цели 20 години се врати во Барселона.

Гасол играше во Барселона од 1998 до 2001 година, а потоа замина во НБА каде играше со голем успех.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Многу ми е мило да објавам дека се враќам дома и дека наскоро ќе бидам дел од Барселона. Сакам со своето искуство и знаење да му помогнам на тимот во најважниот дел од сезоната, додека во исто време работам на враќање во натпреварувачка форма. Среќен сум поради враќањето во клубот во кој ја започнав кариерата и сум крајно возбуден поради оваа шанса. Сакам да и заблагодарам на Барселона бидејќи ми овозможија да им се приклучам“, напиша Гасол.

Гасол потпиша договор со крајот на сезината и за четири месеци ќе добие 30.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ужас: Одбојкарски тренер двапати cилувал 15-годишно девојче, па се cамоубил

Џејсон Мејсер, 22-годишниот одбојкарски тренер кој е обвинет за силување на една одбојкарк…