Дома Фудбал Англија Официјално: Вудворд го напушти Манчестер Јунајтед после 17 години

Официјално: Вудворд го напушти Манчестер Јунајтед после 17 години

Долгогодишниот фнкционер во Манчестер Јунајтед и официјално го напушти клубот.

Вудворд 17 години беше во Јунајтед, а од 2012 година ја извршуваше функцијата извршен потпретседател. Со последниот ден од јануари неговиот договор истече и од претходно беше познато дека соработката нема да биде продолжена.

Веќе е најавен и неговиот наследник. Во прашање е Ричард Арнолд кој ќе биде новиот извршен директор и ќе ја има скоро идентичната улога како и Вудворд.

„Црвените ѓаволи“ продолжението од сезоната ќе го дочекаат со 38 бодови на четвртата позиција. Во натпреварот кој им следи на 8-ми февруари ќе играат против Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул не се откажува од Минте, иако може да изостане до три месеци

Ливерпул не се откажал од идејата да го привлече крилото на Брајтон Јанкуба Минте и прегов…