Вест Хем го обезбеди и второто засилување.
Претходно пристигна Рајан Фредрикс од Фулам бесплатно, а сега Иса Диоп како прво засилување за кое Вест Хем мораше да плати 25 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вечерва клубот од Лондон го промовираше младиот репрезентативец на Франција кој потпиша договор на пет години и само затоа што го избра Вест Хем пред некој друг при потписот добива бонус од 2.5 милиони евра. Диоп потпиша договор до јуни 2023 година.
„Среќен сум што потпишав за клуб со богата историја каков што е Вест Хем и се надевам дека ќе покажам се што знам. Амбициозен сум, а и клубот е таков. Верувам дека можам да му помогнам на клубот и да донесам радост на навивачите“, изјави Диоп.
Диоп е фудбалер кој се очекува да донесе цврствина во средниот ред во тимот на Мануел Пелегрини.
Get to know Issa Diop! #WelcomeDiophttps://t.co/Xip4x2wqPZ
— West Ham United (@WestHamUtd) June 19, 2018