Oгромно признание за голманот на македонскиот и европски шампион Арпад Штербик.
38 годишниот Арпад Штербик денес од реномираниот „Handbal-Planet.com“ беше прогласен за најдобар голман за 2017 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Штербик собра најголем број на гласови од жирито кое беше составено од 30 ракометни новинари од 27 земји, но и од навивачите низ целиот свет кои имаа можност да гласаа. Дури 110.000 ракометни фанови го дадоа својот глас.
Да потсетиме, Штербик беше еден од најзаслужните за историската титлуа во Лигата на шампионите до која стигна Вардар минатата година.
Малку недостасуваше и уште еден ракометар на Вардар да се најде во идеалниот тим. Никола Карабатиќ доби само 11 гласови повеќе од Лука Циндриќ.
Во продолжение погледнете ги најдобрите осум, во кои доминираат ракометарите на ПСЖ.