Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Брдариќ повеќе не е менаџер на Шкендија, Ерхан Селими ќе го води клубот до крајот на сезоната

Официјално: Брдариќ повеќе не е менаџер на Шкендија, Ерхан Селими ќе го води клубот до крајот на сезоната

Тетовскиот прволигаш Шкендија денеска на својот официјален сајт потврди дека Томас Брдариќ повеќе не е менаџер на клубот.

Германскиот стратег заминува откако не успеа да ја добие битката за шампионската титула против Вардар. Брдариќ повеќе ја влоши ситуацијата отколку што ја подобри. Имено, пред да пристигне на кормилото на Шкендија, Тетовци имаа само четири бода негатива, додека сега таа негатива изнесува тринаесет бода.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До крајот на сезоната Шкендија ќе биде предводена од досегашниот асистент на Томас Брдариќ, Ерхан Селими.

Шкендија се наоѓа на второто место на табелата во првенството со вкупно 62 освоени бода. Но, она што ги охрабрува навивачите на Шкендија е тоа што на 17. мај ќе го одиграат финалето во Купот на Македонија против Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…