Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Босанец е третото засилување за Шкендија

Официјално: Босанец е третото засилување за Шкендија

Утрово Шкендија го потврди враќањето на Ќака, претходно го промовираа Максимов од Работнички, а сега тетовци го претставија и третото засилување во овој преоден рок.

Мустафа Мујезиновиќ кој е Босанец роден во Германија е нов член Шкендија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во прашање е 29-годишен фудбалер од средината на теренот кој може да помогне и како дефанзивец играч.

„Среќен сум што ќе играм тука, разговарав со пријатели и имам многу слушнато за Шкендија. Знам дека тука амбициите се големи и се игра за титула.

Клубот има фантастични навивачи и јас дојдов да помогнам да ги оствариме целите“, изјави Мујезиновиќ.

За Шкендија тој потпишува како слободен играч откако му заврши договорот со Нови Пазар каде што помина една година и собра 28 натпревари на кои постигнал три гола и поделил четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…