Дома Фудбал Германија Официјално: Богатите клубови во Германија ќе ги спасуваат помалите во финансиската криза!

Официјално: Богатите клубови во Германија ќе ги спасуваат помалите во финансиската криза!

Четири клубови од Бундес лигата одлучија финансиски да им помогнат на помалите клубови кои се најпогодени од кризата поради коронавирус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баерн, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Леверкузен заедно ќе соберат 20 милиони евра кои ќе бидат поделени на оние кои најмногу имаат потреба од тоа.

Тие се откажаа од своите пари од ТВ-правата и додадоа уште неколку милиони, а сојузот ќе ги испрати тие пари во клубовите за полесно функционирање.

Ваквиот потег наиде на воодушевување кај јавноста бидејќи во време на криза големите клубови ги помагаат своите ривали.

„Доколку повторно започне фудбалот, дури и мечевите без присуство на публика гарантираат дека од ТВ-правата ќе направи клубовите да бидат сигурни за нивната егзистенција. Засега е тешко да се прогнозира за тоа кога би продолжило првенството“, изјави Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Кој е Орландо Хил? Продаваше дресови и копачки за болниот син, а на почетокот беше напаѓач

Орландо Хил е име што Парагвај го внесе во фудбалската вечност. Во драматична вечер на Све…