Дома Трансфер зона Официјално: Баерн го потврди трансферот на Одриазола

Официјално: Баерн го потврди трансферот на Одриазола

Баерн Минхен и Реал Мадриф експресно постигнаа договор за трансфер на десниот бек Алваро Одриазола, а денес истиот беше и официјално потврден.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


24 годишниот десен бек пристигна на „Алијанц Арена“ како позајмен играч и ќе настапува во Баерн Минхен во следните шест месеци.

„Баерн Минхен потпиша со Алваро Одриозола на позајмица од Реал Мадрид до крајот на оваа сезона. Откако ги помина медицинските прегледи, 24-годишниот десен бек потпиша договор и ќе биде денеска дел од тренингот на тимот“, стои во соопштението на Баерн.

Одриазола не добиваше голема минутажа во Реал Мадрид, а Баерн беше во потрага по дефанзивец па двете страни брзо постигнаа договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…