Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ оваа сезона ја воодушеви фудбалската јавност со своите настапи во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.
Јовиќ настапуваше во Ајнтрахт како позајмен фудбалер од Бенфика, но откако „експлодира“ оваа сезона јасно беше дека германскиот клуб ќе ја искористи опцијата за негов откуп.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Германците ја искористија откупната клаузула во догворот со клубот од Португалија и за само 7 милиони евра го откупија голгетерот, но Бенфика ќе има 20% од следната продажба.
Јовиќ денес стави потпис на договор до 2023 година со Ајнтрахт, но големи се шансите ова лето да се пресели во некој европски гигант.
Се погласни се шпекулациите дека Реал Мадрид е заинтересиран да го донесе во своите редови, а цената на трансферот ќе изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.
„Управата на Бенфика имаше разбирање и најдовме решение. Не знам дали ќе замине од Ајнтрахт сега, за една или за две години, но сите ќе направат профит. Не сакам да говорам за детали од договорот“, изјави спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобиќ.
He's staying! ☺
Eintracht have exercised their option to make Luka #Jovic's deal a permanent one, the forward signing a contract until June 2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣!#Jovic2023 #SGE pic.twitter.com/3BAAcbgxCT— Eintracht Frankfurt (@eintracht_eng) April 17, 2019