Како и што се најавуваше, Микел Артета стави потпис на нов тригодишен договор со Арсенал.
Во текот на летниот преоден рок, шпанскиот стратег истакнуваше дека клубот е фокусиран на засилувањата и дека за неговиот договор ќе се разговара по затворањето на преодниот рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Така и се случи, Артета стави потпис на соработка до 2027 година.
„Задоволен сум од односот кој го имам со сите во клубот. Имам среќа секој ден да соработувам со квалитетни и амбициозни луѓе. Се чувствувам инспирирано, чувствувам дека работата ми е предизвик, ја чувствувам поддршката на сите, па сакам да донесам уште поголеми постигнувања од тие до сега“, изјави Артета.
Со претходниот договор Артета имаше плата од 10 милиони евра по сезона.