Aрсенал денес го промовираше и четвртото засилување во овој преоден рок, нов член на „топџиите“ е голманот Давид Раја кој пристигнува од Брентфорд.
Раја во Арсенал пристигнува на позајмица за која Арсенал ќе плати три милиони фунти, а ќе има право на откуп идното лето за 27 милиони. Раја веќе постигна договор за соработка до 2028 години, па се очекува Арсенал во јуни да ја активира клазулата за откуп на договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со овој трансфер Рамсдајл добива сериозна конкуренција на голот на англискиот гигант. Летово Арсенал потроши 200 милиони фунти. Претходно пристигнаа Даклан Рајс, Каи Хаверц и Јурен Тимбер.
Raya arrives 🧤 pic.twitter.com/2UaPiDDp33
— Arsenal (@Arsenal) August 15, 2023