Карим Бензема, Тибо Куртоа и Едер Милитао нема да бидат дел од тимот на Реал Мадрид за Светското клупско првество.
Тројцата се рехабилитираат од повреда, па Анчелоти избра да не ризикува и не ги повика со остатокот од тимот да патуваат во Рабат, каде се игра СП.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Европскиот шампион во среда ќе игра со Ал Ахли во полуфиналето, а потоа на 11 февруари ќе игра финале или меч за трето место.
Бензема и Милитао се повредиа на дуелот со Валенсија во четвртокот, а Куртоа заработи повреда на мечот со Мајорка.
📋✅ Our 22 players travelling to Rabat!#ClubWC pic.twitter.com/Mg7fbCfhZl
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) February 6, 2023