Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Алтипармаковски повеќе не е играч на Брегалница

Официјално: Алтипармаковски повеќе не е играч на Брегалница

ФК Брегалница, по взаемен договор, спогодбено ја прекина соработката со искусниот напаѓач Марјан Алтипармаковски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алтипармаковски остави силна трага изминативе години по доаѓањето меѓу „сините“, и како спортист и воопшто како личност, меѓутоа поради лични причини побара предвремен раскин на договорот, на што клубот и покрај желбата да го задржи, комплетно му излезе во пресрет.

„И покрај тоа што нашата искрена желба беше да го задржиме, сепак со оглед на фактот дека се работи за максимално коректен фудбалер кој дада сериозен придонес за развојот на тимот изминативе години одлучивме да излеземе во пресрет. Од лични причини Алтипармаковски побара предвреме да го заврши договорот, а Брегалница му посакува успех во сите идни планови и кариера“ – вели спортскиот директор на клубот, Никола Тонев.

31-годишниот Марјан Алтипармаковски одигра 40 официјални натпревари за Брегалница во Првата македонска фудбалска лига постигнувајќи и 11 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …