Македонскиот шампион Шкендија вечерва му гостува на Розенборг во квалификациите за Лига Европа и ќе се обиде да се пласира во групната фаза од најмасовното натпреварување.
Дуелот на „Леркендал арената“ во Трондхајм стартува со почеток од 20 часот и 45 минути, а веќе се познати официјалните стартни постави.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За разлика од претходниот дуел, тетовчани ќе играат во нова формација. Ќатип Османи наместо стандардната 4-2-3-1, ќе истрча со со 3-4-1-2, со двајца истурени напаѓачи и тоа во Емини и Ибраими.
Шкендија: Захов, Алими, Муслиу, Тотре, Мурати, Жуниор, Емини, Мици, Адили и Нафиу.
Розенборг: Хансен; Хеденштад, Ховланд, Региниусен, Мелинг; Јенсен, Лундемо, Конрадсен; Јебали, Бендтнер, Леви.