Дома Трансфер зона „Отпишаниот“ во Барса заминува во јануари и оди онаму каде што беше капитен?

„Отпишаниот“ во Барса заминува во јануари и оди онаму каде што беше капитен?

Како што пренесува шпански „АС“, искусниот фудбалер за врска веќе во наредниот период би можел да ја напушти Барселона.

Арда Туран веќе некое време е во втор план на „Ноу Камп“, а изгледа дека тоа кај Ернесто Валверде е посебно изразено.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанскиот стратег нема доверба во капитенот на репрезентацијата Турција кој поради недостаток на минутажа би можел да ја напушти Каталонија и тоа веќе на стартот на наредната календарска години.

Галатасарај веќе покажа интерес да го врати својот поранешен фудбалер. Во текот на летото не успеаа, но тоа би можело да се промени веќе во јануари. Доколку се врати во Инстанбул во клубот каде што беше и капитен би можел да го добие популарниот доживотен договор.

Барселона веројатно не би имала ништо против Туран да замине, но останува да видиме дали Галтасарај навистина ќе има нов обид да го ангажира искусниот фудбалер. Галатасарај е лидер во турскиот шампионат, а со Арда и дефинитивно би ставиле до знаење дека се враќаат на вистинскиот пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …