Дома Топ вести ОТКРИРЕНО: Барса договaра една зимска и една летна трансфер БОМБА, преговорите во завршна фаза!

ОТКРИРЕНО: Барса договaра една зимска и една летна трансфер БОМБА, преговорите во завршна фаза!

На екипата на Барселона одлично и оди во Примера, но Ернесто Валверде смета дека има делови од тимот кои може да ги засили.

Како што пренесуваат каталонските медиуми, Барса е спремна за големи инвестиции, како во зимскиот преоден рок, така и во летниот, а се појавија и информации од доверливи извори дека клубот е во завршни преговори со некои од своите желби.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Секогаш добро известениот новинар Кике Гуаш денес потврди дека Антоан Гризман преминува во Барселона, но со нова информација дека Каталонците нема да ја платат клазулата од 100 милиони евра.

„Да, нема дилеми. Антоан Гризман наредното лето ќе премине во Барселона. Клубот нема да ја плати клазулата, но ќе биде постигнат договор со Атлетико за сличен износ“, тврди Гуаш..

Значи, изгледа Барса останала единствен извор за Французините и евентуално само ПСЖ би можел да се вмеша и да ја им ја расипе, според зборовите на Гуаш, веќе договорената зделка.

Одиме понута, каталонскиот „Спорт“ денес пренесува ексклузивна вест дека Барса во јануари сигурно ќе се обиде да го доведе Фелипе Кутињо, но и дека сигурно ќе дојде само прашање на време е кога. Барса повторно ќе понуди околу 120 милиони евра, а доколку трансферот не биде завршен овој преоден рок, се ќе биде решено идното лето.

„Спорт“ наведув и дека алтернативи за Барселона се Месут Озил и Артур од Гремиот.

Озил е план „Б“ доколку од „Енфилд“ повторно добијат негативен одговор во јануари. Добра работа за Барса е што Озил би можел да им помогне и во Лигата на шампионите, а оштета сигурно нема да биде голема бидејќи неговиот договор истекува во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…