Дома Топ вести Откриен проблемот на Дембеле: Треба да се лечи од зависност!

Откриен проблемот на Дембеле: Треба да се лечи од зависност!

Осман Дембеле минатото лето пристигна во Барселона како најскапо засилување во историјата, но очигледно дека е многу проблематично момче.

Дембеле постојано и прави проблеми на Барселона, а откриено е дека последното задоцнување на тренинг е поради фактот што цела ноќ играл видео-игри со пријатели, па утрото не го чул алармот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Воопшто не одговарал на повиците, а на крајот го разбудил еден од директорите на Барса кој дошол кај него дома да види што се случува.

Дембеле се правдаше дека имал стомачен вирус, но лекарите утврдиле дека се е во ред, што силно ги налути раководните луѓе во Барселона.

Од клубот го известиле агентот, сметаат дека играчот е целосно надвор од контрола, а главниот проблем е што Дембеле е зависен од видео-игри.

Имено, тој воопшто не излегува од дома и по цела ноќ игра видео-игри, па во клубот сериозно размислуваат да му испратат психолог да му помогне во одвикнувањето.

Јасно е дека седењето пред екран по цел ден и ноќ влијае на концентрацијата, но и на комуникацијата со околината, што е сериозен проблем за играч кој е платен повеќе од 100 милиони евра.

Барселона знае дека има сериозен проблем со играчот кој мора да биде решен што поскоро, во спротивно каталонскиот клуб ќе го стави Дембеле на продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул поворно не победи, Клоп и Салах се скараа🎥

Ливерпул и дефинитивно испадна од трката за титулата откако попладнево одигра само 2:2 на …