Дома Топ вести Откриено: Со овие зборови Спалети го убедил Перишиќ да остане

Откриено: Со овие зборови Спалети го убедил Перишиќ да остане

Иван Перишиќ игра одлично оваа сезона во Интер.

Хрватскиот фудбалер до сега постигна седум погодоци и запиша шест асистенции на 15 натпревари за лидерот на Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Интер во текот на летото беше на чекор од Манчестер Јунајтед. Тренерот Жозе Мурињо инсистираше на негово доведување. Клубот од „Олд Трафорд“ испрати повеќе понуди на адреса на Интер , кој има проблеми со финансискиот фер плеј, но од „Џузепе  Меаца“ одлучија да ги одбијат сите понуди.

За таков епилог најзаслужен бил стратегот Лучијано Спалети кој го убедил Хрватот да остане, пишува „Калчомеркато“.

„Остани во Интер и твојата кариера ќе се промени“, наводно биле зборовите со кој Спалети го убедил Перишиќ да остане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…